Фенг шуи

Фенг Шуи ве советува како да се ослободите од нередот во домот 1

30 март, 07:04

Чистењето на домот може да биде навистина забавно, а доколку конечно се решите да се ослободите од некои непотребни предмети, чистењето ќе биде и повеќе од корисно.

Техниките на Фенг Шуи за ослободување од сите предмети кои прават неред во домот се навистина корисни, а самиот процес е забавен и не предизвикува нервоза.

Не ви се потребни никакви познавања од Фенг Шуи, едноставно внимателно прочитајте и одлучите да се обидете.

Подготвени сте да сте ослободите од непотребните предмети? Почнете чекор по чекор и внесете нова енергија во вашиот дом.

1 Чекор
Нема да биде премногу лесно, но ќе биде и повеќе од корисно, а кога ќе завршите, ќе бидете навистина задоволни. Чистењето започнете го токму со оваа мисла, прифатете ја помислата дека ве чека работа, но бидете свесни за позитивниот резултат кој ќе следи. Ако успеете во ова, половина работа е веќе завршена!

2 Чекор
Храбро и одлучно дефинирајте го нередот во вашиот дом. Според Фенг Шуи, сè она што не ви треба, не го користите веќе подолго време или немате место каде да го сместите е неред.
Навистина е тешко да се ослободиме од некои предмети, особено поради помислата дека можеби некогаш ќе ни бидат потребни, но ако нешто не сте го користеле цела година, колкави се шансите тоа да ви затреба оваа година? Би рекле и повеќе од минимални.

3 Чекор
Внесете позитивна енергија во работата. Пуштете добра музика која ве опушта, отворете ги прозорците и вдишете ја свежината на денот, запалете миризлива свеќа, тргнете ги завесите и дозволете ѝ на природната светлина да го осветли просторот.

4 Чекор
Испланирајте го времето за ослободување од нередот, но и времето по чистењето. Одлучете да чистите половина час, а потоа да се одморите со шолја кафе или чај, да излезете на прошетка или да се видите со пријателите.

5 Чекор
Време е за ослободување од нередот! Земете три картонски кутии и ставете им налепници: Во (тука ќе ги ставате предметите кои ви се потребни и остануваат во домот), Надвор (за непотребни предмети од кои конечно ќе се ослободите) и Не знам (за предмети за кои сè уште не можете да се одлучите да ги фрлите).
Потоа брзо вадете ги предметите од просторот кој го чистите и ставајте ги во кутиите. Не смеете предолго да размислувајте, ја имате кутијата Не знам, па работете брзо и ефикасно.

По истекот на 30-те минути, завршете со работата за тој ден. Дури и ако кутијата Не знам е најполна, важно започнавте со ослободување од нередот, а за неколку месеци ќе можете да уживате во домот освежен со нова позитивна енергија.

Што понатаму?

Доколку ви се допаднаа техниките на Фенг Шуи за ослободување од нередот, а со тоа и од негативната енергија во домот, проследете ги следните совети.


Фенг Шуи ве советува како да се ослободите од нередот во домот 2

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 3134 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

29 април

29 април
Во 1958 година е родена прекрасната Мишел Фајфер, холивудска актерка која се прослави со улогите во филмовите „Лице со лузна” (каде глумеше покрај Ал Пачино), „Враќањето на Бетмен&rd
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус