Филм

Big Miracle – прекрасен филм за целото семејство

15 март, 06:12

Кога репортерот Адам Карлсон (Џон Красински) ќе направи репортажа за семејството сиви китови заробени во мразот на Арктичкиот круг, веста ќе го обиколи светот и многумина ќе понудат помош за спас на китовите.

Меѓу нив ќе се најде и активистката на Гринпис, Рејчел Крамер (Дру Баримур), единствената која навистина сака да ги спаси китовите и не го прави тоа од себични причини и желба за слава.

 

Филмот снимен според вистински настан има голема и хумана порака која зборува за ретките луѓе кои помагаат од срце, притоа не барајќи никаква корист или признание.

Семејната драма го прикажува и животот на Ескимите, сосема поинаков од оној кој ние го живееме, убавината на Алјаска и светот на животните кои во одредени ситуации реагираат токму како луѓето и со последни сили се обидуваат да ги спасат своите малечки.

Big Miracle е филм за целото семејство, токму поради пораката за вистинските вредности и несебичното помагање.


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 1763 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

16 Мај

16 Мај

Во 1966 година во Гери, Индијана, е родена светски познатата пејачка, текстописец и актерка Џенет Џексон.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус