Техно Свет, Новитети

Интересна реклама за новиот 84 инчен HD телевизор од LG

07 октомври, 11:55

Доколку имате производ кој сакате успешно да го продавате и сакате за многу брзо време да се пробие на пазарот, тогаш несомнено ви треба многу добра реклама, затоа што рекламата носи скоро половина од вкупните приходи од продажба на производот.

Светски развиената компанија LG во медиумите и по социјалните мрежи на Интернет, објави интересно и несекојдневно видео во кое се потенцирани можностите кои ги нуди најновиот модел на 84 инчниот HD телевизор.

Целата приказна околу рекламирањето на најновиот производ е многу добро смислена. 
Телевизорот е поставен да изгледа како прозорец во канцеларија во која се врши интервју за вработување. Клиентите еден по еден доаѓаат на разговор, сѐ се одвива како што треба сѐ до моментот кога преку „прозорецот” се гледа како метеор паѓа кон Земјата ...

Што се случува понатаму во приказната, ви предлагаме да погледнете од остатокот на рекламата. 

Многу оригинална и интересна реклама во секој случај.


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 1732 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

16 Мај

16 Мај

Во 1966 година во Гери, Индијана, е родена светски познатата пејачка, текстописец и актерка Џенет Џексон.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус