Интересно

Иран ќе снима своја верзија од Аrgo

18 јануари, 13:17

Приказната за мисијата на ЦИА од 1979 година за спасувањето на 20-те американските дипломати од заложничката криза во Техеран го испровоцира иранскиот режисер Ataollah Salmanian да ја прикаже својата верзја за настанот.

Телеграф пренесува, Salmanian ќе се потруди да ги пренесе на што е можно највисоко ниво храброста и хероизмот на Иранците кои помогнаа да се ослободат американските заложници. Спротивно од сликата која ја прикажуваат американските институции и Холивуд. Сценариото на филмот е одобрено од страна на Иранскиот филмски центар, снимањето треба да започне наскоро. Филмот ќе се појави под името The General Staff.

Salmanian во своето излегување за најавата на филмот истакна дека со филмот The General Staff ќе ја поправи лажната слика за Иран која се прикажува во Argo, истакнувајќи дека Иран не е на страната на негативнците во филмот и дека киднапирањето е незаконско дело во нивната држава.
Звучи моќно и убедливо. Но, ќе може ли да го доживее успехот на Аrgo?


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 487 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

16 Мај

16 Мај

Во 1966 година во Гери, Индијана, е родена светски познатата пејачка, текстописец и актерка Џенет Џексон.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус