Интересно

Животните полека им ја земаат работата на луѓето?

12 ноември, 12:33

Брзиот напредок на науката и техниката сè повеќе влијае на намалување на потребата од човечка работна сила. Технологијата го заменува човекот, работните места се укинуваат, а како тоа да не е доволно, во некои делови од светот дури и животните им ја земаат работата на луѓето.

Не ви се верува?

Сопственикот на една винарска визба во Калифорнија не можел да најде доволно вредни работници, па решил да „вработи” овци. Задачата на овците е да го исчистат лозјето од непотребните лисја, за грозјето да е подобро изложено на сончева светлина. Работниците се невнимателни, кога ги кинат лисјата го допираат и уништуваат плодот, а овците, со своите меки јазици не му штетат на грозјето и се покажале како подобри работници од луѓето.

И градинарите полека остануваат без работа. За здрави овошки повеќе не се потребни пестициди и градинари кои ќе ги прскаат овошките. Сопствениците на некои овошни градини, работниците ги заменуваат, верувале или не, со пајаци. Пајаците ги јадат штетните инсекти кои ги напаѓаат плодовите, а резултатот е фантастичен – здрави, непрскани овошки и задоволни сопственици.

За мајмуните нема дилема, тие и онака се имаат покажано на повеќе полиња, па не изненадува податокот дека на голем број фарми во Индија мајмуните ги заменуваат луѓето во берба на кокосови ореви. Мајмуните лесно се качуваат на палмите, вредни се, а и не бараат покачување на платата.

Бидете внимателни и работете напорно, бидејќи како тргнал светот, газдите може да нè заменат со некое магаренце или мравка!!!


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 1668 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

16 Мај

16 Мај

Во 1966 година во Гери, Индијана, е родена светски познатата пејачка, текстописец и актерка Џенет Џексон.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус