Мој предлог, Филм

Jack Reacher

14 мај, 06:24

Од сценаристот на „Топ ган”, „Вулверин” и „Турист” доаѓа возбудливата приказна за Џек Ричер (Том Круз), поранешен мајор на Воениот полициски корпус на Америка, човек кој не можете да го пронајдете, освен ако самиот не посака да биде пронајден.

Џек Ричер е лик од серијата книги на британскиот автор Џим Грант, а  динамичниот трилер е снимен според книгата „Еден истрел” од истоимениот автор.

Приказната започнува со бруталното убиство на пет случајни жртви од страна на поранешен снајперист, кој откако ќе биде фатен, од полицијата ќе побара да го пронајдат Џек Ричер.

Она што на изглед беше злосторство без никаква причина,  ќе се покаже како добро смислена игра за нечија цел, а токму Џек Ричер ќе се обиде да дојде до вистината и да застане во одбрана на правдата.

Двочасовната авантура на Ричер ќе ве поведе во потрага по вистината и ќе ви покаже дека законот има граници, но некои луѓе, токму како Ричер, не потклекнуваат пред тие граници.

Режисерот, а воедно и сценарист, Кристофер МекКери, создаде навистина интересен трилер, собра одлична актерска екипа (Роберт Дувал, Ричард Џенкинс) и оживеа нов херој, па не е чудно ако филмот добие и продолженија.

Критиките за Jack Reacher се поделени, но сите се согласуваат во едно: филмот е надпросечен трилер и можеби на повидок е нов јунак кој ќе постигне успех сличен на оној на Џејсон Борн.


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 2102 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

16 Мај

16 Мај

Во 1966 година во Гери, Индијана, е родена светски познатата пејачка, текстописец и актерка Џенет Џексон.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус