Јадете кинеска зелка!

25 октомври, 06:25

Во зимските месеци на пазарите може да се најде т.н. кинеска зелка, еден вид марула со интересен вкус, одлична за салата зачинета со малку оцет и маслиново масло.

За благодетите на кинеската зелка се знаело многу одамна, а традицијата на одгледување на овој зеленчук е долга преку 6000 години.

 

 

Јадете кинеска зелка за здравје и енергија!

Кинеската зелка е одличен извор на белковини кои ја зголемуваат енергијата.


Содржи витамини А (неопходен за имунолошкиот систем, видот, растот на коските и забите), Ц (еден од најмоќните антиоксиданти), како и витамини Д, Б6 и К.


Од минералите е богата со калциум и калиум. Калиумот е особено значаен за намалување на ризикот од срцеви болести, проблеми со циркулацијата, а помага и за регулирање на крвниот притисок.


Благодарение на својот состав, кинеската зелка се покажала како одлична превенција за повеќе видови карцином, а претставува и природна дневна доза неопходни витамини и минерали за целото семејство.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 12504 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

21 Мај

21 Мај

Во 2006 година Црна Гора со 55% ЗА од вкупниот број гласови на референдумот за независност на Црна Гора и црногорскиот народ се одлучи за одделуање од Република Србија.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус