Здравје, Природни лекови

Јајцата може да го намалат ризикот од рак на дојка

10 август, 07:21

Прелиминарните истражувања сугерираат дека консумирањето јајца и растителни масла и состојки богати со растителни влакна во зрелото доба дејствуваат како заштита од најчестиот облик на рак кај жените, ракот на дојката.

Со истата студија, со прегледот на 12.000 жени, се покажало дека путерот го зголемува ризикот од рак на дојката, а другите животински мрснотии немале големо влијание.

Откако истражувачите ги зеле предвид познатите ризици од рак на дојката како што се историјата на болеста во семејството или користењето на хормонски терапии, заклучиле дека ако се консумираат три јајца неделно во текот на зрелите години, се намалува ризикот од рак на дојката за 18%.

Исхраната богата со растителни масла и растителни влакна има слично дејство, а пак секојдневното консумирање путер го зголемува ризикот за 6%.

Се смета дека за заштитното дејство на јајцата заслужни се есенцијалните масни киселини, како и некои витамини и минерали што се наоѓаат во нив.

Истражувачите сметаат дека исхраната богата со растителни влакна го редуцира ризичниот естроген, хормон што се поврзува со ракот на дојката.

Епидемиолозите тврдат дека испитувањата се прелиминарни и дека ќе треба да се извршат уште студии пред да се донесат конечни препораки, бидејќи, како што тие велат, резултатите имаат поголема важност за истражувачите отколку за јавноста.  

 


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 2370 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

17 Мај

17 Мај
Познатата пејачка и текстописец Дона Самер, која во 70 - те години беше прогласена за „Кралица на диското и диско музиката”, почина на 63 годишна возраст, по долгогодишната битка со ракот.
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус