Каде на одмор...

Попова Шапка

16 јануари, 09:45

Време е на зимски распуст, па љубителите на снегот, зимските спортови и зимската идила може да се рекреираат во зимско - рекреативниот туристички центар Попова Шапка.

Шапка се наоѓа во северозападниот дел во Македонија и името го носи според врвот на планината Шара.

Големиот број на сончеви денови и снежната покривка која знае да се задржи по планините од октомври до мај, се доволни причини да ја посетите Шапка и да уживате во нејзините благодати.

Покрај скијачките терени кои се распространети на површина од 35 км?, Попова Шапка е позната по чистиот планински воздух, големиот број на природни убавини, големите површини прекриени со трева, цветни полиња, ендемични шумски видови и дури 43 планински врвови кои се на надморска височина од 2500 метри.

Самата надморска височина си го прави своето, па затоа чистиот планински воздух на Шапка, нека биде ваша главна мотивација, за да си го дозволите себеси тоа задоволство. 

Престојот на чист планински воздух значи здравје.
Нели сите се грижиме и водиме сметка за нашето здравје?


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 3490 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

27 април

27 април

Во 1986 година, во Скопје е родена Елена Ристеска, еден од најдобрите женски вокали во Македонија, пејачка која успешно работи во земјава и надвор од неа.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус