Здравје, Здрави навики

Како да ја спречите мачнината при патување

10 јули, 06:43

Мачнината при патување е нормална реакција на нашиот организам која различно се манифестира кај секоја личност.

Додека за некои патувањето е уживање, за други претставува вистинско мачење.

Вртоглавицата, главоболката и нагонот за повраќање се најчестите симптоми при патување.

Кога тргнуваат на подолг пат, лицата кои имаат мачнина при патување најчесто посегнуваат по апчиња против гадење. Иако помагаат, овие апчиња предизвикуваат омалаксаност, поспаност и непријатно чувство.

Од друга страна, природните методи против мачнината се сосема безопасни и многу делотворни.

Доколку се соочувате со мачнина при патување, половина час пред да тргнете на пат испијте малку вода во која сте ставиле половина лажичка ѓумбир во прав. Ѓумбирот се покажа како одличен борец против мачнината и нагонот за повраќање, а испитувањата покажуваат позитивни резултати дури кај 70% од лицата кои се соочуваат со овој проблем. Дејството на овој природен лек трае околу 4-5 часа, па доколку има потреба во текот на патувањето повторете ја дозата уште еднаш.

Што друго помага при патување?

  • Не патувајте гладни. Лесен оброк пред патувањето ќе ви помогне полесно да ја избегнете мачнината.
  • Пијте вода, но никако газирани пијалаци или сокови од лимон. Овие пијалаци го нагризуваат желудникот, па само ќе ја зголемат мачнината. Можете да пиете и чај од мента, камилица или лаванда бидејќи овие чаеви се одлични против мачнината.
  • Грицкајте крекери или освежителни бомбони, гледајте право пред себе, избегнувајте да се вртите назад, не читајте и не правете нагли движења со главата.
  • Повремени паузи на свеж воздух се исто така добредојдени.

Природата има лек за многу нешта, а ѓумбирот е еден од најдрагоцените лекови. Изберете природен метод против мачнината и уживајте во патувањето.


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 4538 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

21 Мај

21 Мај

Во 2006 година Црна Гора со 55% ЗА од вкупниот број гласови на референдумот за независност на Црна Гора и црногорскиот народ се одлучи за одделуање од Република Србија.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус