Животен стил

Како најдобро да го започнете денот?

09 јули, 07:10

Постојат непишани утрински правила и ритуали по кои одредени личности се раководат, со цел убаво да им тргне денот и колку што е можно поуспешно да можат да се справат со секојдневниот стрес и обврски. На повеќето од луѓето кои ги практикуваат тие правила, веќе им се навики и без нив не можат да замислат да го започнат денот.

Викаат дека по утрото денот се познава, па ако и вие сте приврзаници на оваа мисла која е сосема вистинита и ако сакате со леснотија и без никакви маки и грижи да се справите со стресот и ситуациите кои ги носи животот и секојдневието, ви препорачуваме да започнете да практикувате дел од овие неколку совети кои ќе го разубават вашиот ден.


- Музиката е лек за душата и веќе е докажано дека го намалува стресот и има позитивно дејство врз здравјето на луѓето.
Наместете алармот на вашиот мобилен телефон да заѕвони со некоја ваша омилена песна која ви предизвикува пријатни чувства и убави спомени.
Додека се спремате за претстојниот работен ден исполнет со работни обврски, цело време слушајте музика. Ќе бидете исполнети со позитивна енергија и ќе бидете многу смирени. На овој начин ќе бидете подготвени успешно да се справите со работните обврски.


- Утринското туширање е нешто кое треба секој да го практикува бидејќи се ослободуваат сите мускули на телото и многу полесно човек може да се истегне под млазот топла вода. Со истегнувањето се ослободува целата насобрана напнатост, телото се опушта и се спрема за секојдневните обврски.


- Подгответе си здрав и урамнотежен појадок. Како најважен оброк во денот, појадокот треба да е составен од протеини и овошје, кои на организмот ќе му дадат доволна енергија за соочување со физичкиот и психичкиот стрес во текот на денот. Со правилно комбиниран појадок се регулира и нивото на шеќер во крвта. Избегнувајте за појадок да внесувате т.н. празни калории и кофеин.


- Подгответе си се зелен чај наместо кафе. Со чајот ќе ги добиете истите резултати како кафето, исто брзо ќе се расоните и ќе бидете подготвени за справување со обврските. Овој чај е богат со антиоксиданси, па истовремено со неговото консумирање и ќе се грижите за вашето здравје.


- Испланирајте си утринска прошетка која ќе го загрее и подготви вашето тело за активностите кои ви претстојат во текот на денот.
Знаеме дека шетањето е многу здраво и дека позитивно делува на многу полиња од животот, па затоа практикувајте да шетате колку што е можно повеќе, особено во раните утрински часови. 


- Практикувањето на јога вежби на утро е најдобриот начин за здраво да го започнете секој нов ден. Почнете со благи вежби за истегнување и пробајте да медитирате неколку минути. Ќе бидете изненадени од позитивниот ефект кои овие јога вежби ќе го имаат по однос на вашето расположение во текот на денот и здравјето.


Со овие едноставни и лесни утрински навики, дозволете со вас да завладеат позитивното размислување, смиреноста и опуштеноста бидејќи токму тие нешта ќе ви бидат потребни за успешно да се справите со дневните обврски и задачи. 

На утро дозволете си работи кои ве прават среќни, расположени и весели.


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 2990 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

10 Мај

10 Мај
Во 1989 година, при обидот за освојување на највисокиот врв на светот, Монт Еверест, својот живот трагично го загуби познатиот македонски алпинист и вљубеник во планините, Димитар Илиевски - Мурато.&n
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус