Мој предлог, Книга

„Лидер без титула” – Робин Шарма

23 август, 00:01

„Лидер без титула” е едно од поновите изданија од големиот опус книги на беспрекорниот писател Робин Шарма.

Повеќе од петнаесет години најуспешните компании, најбогатите и најсреќните луѓе на светот ја применуваат формулата за успех на Робин Шарма, кој во последно време прерасна во ден од најбараните гуруа на планетата.

Таа формула за успех сега е достапна за секој кој сака да го даде својот максимум за да ѝ помогне на организацијата, претпријатието или фирмата во која работи со цел да се постигне голем успех во овие бурни и тешки времиња.

Оваа книга „Лидер без титула” сите кои што се подготвени за помош ќе ги научи:

- како правилно и умно да ја искористат секоја прилика, која како можност ќе им се понуди во одредено време;
- како да формираат одличен тим и да станат продавачи број еден на пазарот;
- како да бидат успешни во сѐ што ќе прават без оглед на положбата на која ќе се наоѓаат;
- книгата ги покажува сите тајни на вистинските иновации;
- книгата учи на сите тактики и мали финти кои помагаат во добивањето на ментална стабилност и физичка снага, нормално ако се сака да се стане лидер;
- учи на справување со стресот, како позитивно да се размислува, како да се ослободи насобраната енергија и како да постигнете добар приватен живот.

Без разлика на која позиција се наоѓате во вашата фирма и на моменталните околности во вашиот живот, не заборавајте дека секогаш во вас постои сила и моќ за да станете лидер.

Секогаш давајте го вашиот максимум без оглед на околностите.

„Лидер без титула” е книга која ќе ве научи како да ја стекнете потребната моќ и да го промените не само вашиот, туку и животот на сите кои ве опкружуваат.      

 


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 4871 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

13 Мај

13 Мај

Во 1986 година во Лондон во Англија е роден славниот актер Роберт Патинсон.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус