Лондонски штангли

13 јануари, 00:01

Колачите се подготвуваат брзо и лесно.

Многу се вкусни и доста трајни, па колку подолго отстојат, толку стануваат помеки, едноставно се топат во уста!

Состојки за тесто:
5 жолчки
250 гр. маргарин
150 гр. шеќер
350 гр. брашно
малку прашок за печиво

Состојки за фил:
5 белки
250 гр. шеќер
250 гр. мелени ореви
неколку капки лимон

Белките, шеќерот и сокот од лимон убаво се матат во цврст снег, па со дрвена лажица внимателно се додаваат мелените ореви.
 

Подготовка:
Тестото се меси, најпрво со миксер (без претходно да се матат жолчките), потоа со раце. Смесата е доста леплива, но таква треба да биде. Кога состојките убаво ќе се соединат, тестото се става во  плех намачкан со маргарин и со рацете се нанесува рамномерно по површината на плехот. Се печи на 180°Ц 5-7 минути. Се вади од рерна, се мачка со тенок слој од мармалад, а најгоре се додава филот од белки и ореви.
Се враќа во рерна на истата температура околу 5 минути, потоа малку се намалува температурата и се печи уште 15 минути, додека белката убаво не се потсуши.
Кога ќе се излади внимателно се сечи на мали парчиња бидејќи белката лесно пука при сечењето.

Уживајте во вкусот на Лондонските штангли!

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 6302 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

17 Мај

17 Мај
Познатата пејачка и текстописец Дона Самер, која во 70 - те години беше прогласена за „Кралица на диското и диско музиката”, почина на 63 годишна возраст, по долгогодишната битка со ракот.
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус