Мобилни

Asus MeMo Pad

15 јануари, 14:50

Кон крајот на овој месец, се очекува во продажба да биде пуштен новиот 7 инчен таблет на Asus, Asus MeMo Pad.

Дизајнот на MeMo Pad е сличен како на Nexus 7 таблетите и ќе им биде од голема корист на потрошувачите кои сакаат да читаат книги и да играат игри на својот таблет.

Asus MeMo Pad има 7 инчен дисплеј кој работи на допир со резолуција од 1024 x 600 пиксели. Тежи само 370 грама, има дебелина од 11,2 милиметри и батерија од 4270 mAh, која има издржливост од 7 часа.

Таблетот содржи 1 мега пикселна камера на предната страна, има можност за видео разговор и можност за снимање на HD снимки.

Располага со 1 GB RAM меморија, Wi-Fi, приклучок за слушалки, микрофон, микро USB влез ...

Според перформансите со кои располага, се очекува дека за Asus MeMo Pad ќе има голема побарувачка на пазарот. Најпрво ќе се продава во САД и Индија, а потоа и во останатите земји ширум светот.


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 1173 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

29 април

29 април
Во 1958 година е родена прекрасната Мишел Фајфер, холивудска актерка која се прослави со улогите во филмовите „Лице со лузна” (каде глумеше покрај Ал Пачино), „Враќањето на Бетмен&rd
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус