Мобилни

BlackBerry Curve 938

06 септември, 16:17

Дознајте што е тоа што BlackBerry Curve 9380 го издвојува од другите мобилни телефони кои спаѓаат во неговата група и зошто е сè повеќе и повеќе баран.

Најпрво, тоа е најновиот оперативен систем на оваа компанија - верзија 7, екранот кој е осетлив на допир. Понатаму, тука е и поддршката за модерните опции меѓу кои се Augmented Reality и Near Field Communication. 

- Дизајнот – новиот Curve модел е изработен  од пластика, а дизајнот како и секогаш кај BlackBerry моделите е многу интересен. Предната страна се одликува со сјајна пластика, додека пак задната страна, каде се наоѓаат блицот и камерата, е направена  од пластика која е многу мека на допир. Долг е 109 мм, широк – 60 мм, е со 11,2 мм дебелина и тежи 98 грама.

- Eкранот – се одликува со резолуција од 360 x 480 пиксели, TFT, 3,2” дијагонала и капацитивен сензор. Квалитетот на екранот не слабее кога е изложен директно на сонце.

- Камерата е од 5 MP, VGA снимање (640 x 480), детектор за препознавање на лица, стабилизатор на сликата, 4 x дигитален зум, 806 MHz процесор ...

Резултат е долготраен телефон кој скоро и да нема никакви грешки при работата, но сепак, треба да се спомне дека станува збор за обичен телефон, а не за смартфон. На вас оставаме да одлучите за изборот.


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 1059 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

29 април

29 април
Во 1958 година е родена прекрасната Мишел Фајфер, холивудска актерка која се прослави со улогите во филмовите „Лице со лузна” (каде глумеше покрај Ал Пачино), „Враќањето на Бетмен&rd
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус