Мој предлог

Кушадаси

13 јули, 07:41

Летувањето во некоја од приморските земји речиси секогаш е примамливо и убаво, но доколку оваа година за ваша дестинација ја изберете Турција бидете сигурни дека нема да погрешите во вашиот избор. Ќе имате одмор каков што од секогаш сте посакувале.
Една од најомилените туристички дестинации на турското приморје е Кушадаси, како поради цената на сместување така и поради цената на храната.

 

Кушасади во превод значи „Остров на птиците” и таков мал остров на кој што има безброј птици се наоѓа непосредно до пристаништето на градот.

Големиот број на хотели ќе ве пленат првенствено со изгледот а потоа со беспрекорната услуга на персоналот. Жителите во Кушадаси се секогаш насмеани, расположени и  гостопримливи, спремни се да ви помогнат во секаква ситуација. Важат за едни од најдобрите домаќини во околните туристички места, но и за луѓе кои ја ценат секоја заработена пара и затоа подеднакво се однесуваат со сите гости. Ценкањето по пазарите и продавниците е нивна специјалност и затоа спремете се добро пред да одлучите било што да купите.
Самата местоположба на Кушадаси ви дава одлична можност да посетите многу значајни антички локалитети.

Памук Кале

 


Ефес
Ефес 

 

 

Храмот на Артемида - едно од седумте светски чуда 

 

 


Гробот на Богородица


Овие се само еден мал дел од местата кои задолжително треба да ги посетите доколку одлучите ова лето да го поминете во Кушадаси.
Во близина на Кушадаси, на 20 километри се протегаат безброј песочни плажи. Најпознати и најпосетувани од нив се Long beach, Green beach, Silver beach, Paradise beach и многу други, но има и камени плажи со кристално чиста тиркизна боја на водата кои се наоѓаат во склоп на Националниот парк кој исто така е во непосредна близина  на Кушадаси.



Летувајте ова лето во Кушадаси, дружете се и забавувајте се и имајте одмор од соништата.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 4430 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

29 април

29 април
Во 1958 година е родена прекрасната Мишел Фајфер, холивудска актерка која се прослави со улогите во филмовите „Лице со лузна” (каде глумеше покрај Ал Пачино), „Враќањето на Бетмен&rd
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус