Мој предлог, Книга

„Најголемиот успех на светот“

03 јули, 07:43

Ова е една од оние книги кои откако ќе започнете да ги читате, едноставно не можете да престанете сѐ додека не стигнете до самиот крај. И тогаш ќе сакате да имаше повеќе, но доколку имате време и желба за читање, тогаш нашиот предлог е да почнете повторно од почетокот.

Ниедно читање на добра книга не е исто со тоа претходното. Секогаш ќе откривате нови мали детали кои кријат во себе големи вистини.

Нема подобар начин за претставување на оваа книга отколку со цитирање на неколку од заповедите за успех со кои Ог Мандино мајсторски ве потскокотнува доволно за да немате друг избор освен да продолжите со читање.
Еве неколку од нив:

- Работи вредно секој ден како животот да ти зависи од тоа.

- Научи дека само со трпеливост можеш да управуваш со својата судбина

- Внимателно определи ја својата насока или вечно ќе луташ

- Подготви се за мрак додека патуваш по сонце

- Смеј ѝ се во лице на неволјата сѐ додека таа не се предаде

- Сфати дека плановите се само соништа ако ништо не преземеш


Големиот мајстор на пишаниот збор има уште заповеди за вас, но да не ги откриваме сите и да ги оставиме останатите за оние од вас кои ќе ги заслужат со наоѓањето на малку време за да ја прочитаат оваа фантастична книга.


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 3137 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

28 април

28 април

Денеска се одбележува 50 годишнината од постоењето на Битолски весник.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус