Нашата планета Земја - чудо на природата

24 мај, 13:06

Постојат места на нашата планета за кои не важат законите на природата, места каде поради зголемените климатските промени, температурата на воздухот е бескрајно висока или ниска.

Љубопитноста како човечка особина прави луѓето да почнуваат да се интересираат за сѐ и сешто, па така почнале и да се запишуваат и мерат екстремно забележаните ниски или високи температури, да се мерат бескрајно длабоките мориња и океани и да се мерат бескрајно високите планини. 

Овие се дел од најекстремните места на нашата планета, прочитајте и информирајте се.

Најдлабоко место измерено во океан - Маријанскиот канал со длабочина од 10.971 метро е најдлабокото место кое се наоѓа во Западен Пацифик. Кога Монт Еверест би се ставил во овој канал, над неговиот врв би останале уште 2.076 метри вода.


Највисока температура забележана на Земјата - на 13 септември, во 1922 година е измерена досега највисоката температура на нашата Земја. Во Либија измерени се рекордни 57,8 степени Целзиусови под сенка.


Највисока точка на Земјата – иако со своите 8.848 метри Монт Еверест се смета дека е највисокото место на планетата, пресметано во однос на морското ниво, поради неправилниот облик на Земјината топка, постои една друга планина во Еквадор, Монт Кимборако, која со своите 6.096 метри надморска висина е пониска од Монт Еверест,  но на моменти е многу поблиску до космосот и вселената.


Највлажно место на Земјата - општината Лоро во регионот Коко во Колумбија го држи светскиот рекорд за највлажно место на планетата со годишни 13.300 милиметри врнежи на метар квадратен.
Најсуво место на Земјата - пустината Атакама во Чиле е најсувото место на нашата планета, бидејќи во најголем дел од неа нема апсолутно никаква вегетација, за разлика од некои области на Атакама кои се наоѓаат во други делови, каде се забележани билки и кактуси.


Најниска температура измерена на Земјата - Антарктикот е најекстремниот континент, каде се измерени рекордни -89,4 степени Целзиусови.


Најоддалечените места на Земјата - „Евроазискиот пол на недостапноста” е место кое се наоѓа во Кина и е оддалечено цели 2.500 километри од најблискиот океан. „Поинт Немо” е најоддалеченото место од копно, кое се наоѓа во Јужен Пацифик и е 2.500 километри оддалечено од најблиското копно. Ниту едно од овие две места не е населено со луѓе.


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 5250 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

17 Мај

17 Мај
Познатата пејачка и текстописец Дона Самер, која во 70 - те години беше прогласена за „Кралица на диското и диско музиката”, почина на 63 годишна возраст, по долгогодишната битка со ракот.
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус