Непечена торта со бисквити

04 октомври, 06:57

 

 

 

 

 

 

Состојки:
½ литар јогурт
400 гр. кршени бисквити
200 гр. шеќер
1 - 2 банани
шлаг крем

Подготовка:

Состојките за тортата убаво се мешаат додека да омекнат бисквитите. Смесата не треба да е премногу течна за да може да се обликува формата на тортата. 
Ако е течна, слободно додавајте бисквити додека не добиете густа смеса.
Од смесата се прави форма по желба, може да биде долгнавеста во калап, за да може да се сече како вистински парчиња торта, или може да биде во сплескана правоаголна форма ставена во плех, за да може да се сече на коцки. 
Над тортата по целата површина се ставаат ситно сечканите кругови банана и целата торта се премачкува со шлаг кремот.

Пријатен апетит! 


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 24174 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

16 Мај

16 Мај

Во 1966 година во Гери, Индијана, е родена светски познатата пејачка, текстописец и актерка Џенет Џексон.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус