Новитети

LG со моќни монитори и 3D ѕид

31 јануари, 07:26

ISE саемот во Амстердам и годинава ги собра на едно место најпрестижните производители на аудио и видео опрема.

Меѓу учесниците е и компанијата LG Electronics која ја искористи можноста да ги претстави најновите LG Ultra HD multi-touch монитори.

LG Ultra HD multi-touch е 84 инчен монитор, најголем досега од овој вид, со 4 пати поголема резолуција во однос на стандардните HD модели.

Посетителите на саемот беа сведоци и на 3D видео ѕид направен од 49 екрани, толку тенки (5 милиметри) што се добива впечаток дека станува збор за еден голем екран.

„Моќ и професионалност” е слоганот под кој LG Electronics ги претстави своите најнови производи, опремени со напредна технологија за извонреден квалитет на сликата.

Без разлика дали се на отворено или во затворен простор и независно од осветлувањето, телевизорите нудат можност за видливост од секој агол, постојаност на боите и одличен контраст.

Интересната презентација и квалитетот на производите уште еднаш ја потврдија моќта на LG Electronics.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 784 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

16 Мај

16 Мај

Во 1966 година во Гери, Индијана, е родена светски познатата пејачка, текстописец и актерка Џенет Џексон.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус