Откритија

Откриена е гробница на најпознатата кралица на Маите

05 октомври, 11:59

Гробницата е пронајдена во Гватемала и според археолозите ѝ припаѓа на една од најголемите владетелки на Маите од 7-от век, кралицата Lady K'abel.

Lady K'abel владеела 20 години и била позната како врховен воин на Маите.

Во гробницата била пронајдена жена погребана со сите почести, бројни керамички садови, артефакти, украси од жад и гипсени предмети.

Саркофагот прикажувал лице на жена во зрели години, а од страната биле испишани хиероглифи.

Според David Friedel, професор по археологија на Универзитетот во Вашингтон, хиероглифите зборуваат за „Госпоѓата која држи лотос”, а тоа е алтернативен превод на Lady K'abel, бидејќи и двете имиња се поврзуваат со принцезата од Calakmul, односно познатата кралица на Маите.

Уште еден доказ за автентичноста на гробницата е накитот од црвени остриги пронајден врз телото на кралицата. Имено, овој накит го има и на камениот споменик - портрет на кралицата кој е изложен во Музејот на уметноста во Кливленд.


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 1698 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

29 април

29 април
Во 1958 година е родена прекрасната Мишел Фајфер, холивудска актерка која се прослави со улогите во филмовите „Лице со лузна” (каде глумеше покрај Ал Пачино), „Враќањето на Бетмен&rd
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус