Откритија
Пронајден е најстариот диносаурус на светот
Во триесеттите години од минатиот век , во Танзанија беа пронајдени коски од нов вид диносаурус. Тогашните анализи не беа јавно објавени и беа заборавени.
Денес, околу 80 години подоцна, научниците ги собраа сите делови од сложувалката и потврдија дека остатоците му припаѓаат на најстариот диносаурус досега.
Новиот вид, наречен Nyasasaurus parringtoni бил со големина приближна на Лабрадор ретривер, имал долга опашка и тежел меѓу 20 и 60 килограми. Nyasasaurus parringtoni живеел пред 243 милиони години, во северниот дел на тогашниот суперконтинент Pangaea ( денешни Јужна Америка, Африка, Антарктик и Австралија).
Иако е најстариот вид диносаурус пронајден досега, Nyasasaurus parringtoni сигурно не е првиот вид диносаурус кој живеел на Земјата.
Сè уште недостигаат делови од сложувалката за овие чудесни суштества, а научниците се надеваат дека во годините што доаѓаат ќе биде пронајден и првиот вид диносауруси, кој ќе ја пополни празнината во дрвото на еволуција на овие суштества.
Додади коментар