Печени јаболка – вкусен есенски десерт

24 октомври, 06:18

 

 

 

 

 

 

Состојки:

  • 4 јаболка
  • 1 лажица рендана кора од лимон
  • 1 лажица мелени ореви или бадеми
  • 1 лажица путер
  • 1 лажица суво грозје
  • 1/8 л бело вино или вода
  • 1 лажица шеќер

 

Подготовка:

Измиeте ги убаво јаболката, не ги лупете, само полека отстранете ја шишката и семенките од јаболкото без да го поделите на половина, отстранете го и делот од цветот. Потоа во еден сад измешајте ги сувото грозје, шеќерот, путерот и кoрата од лимон и со неа полнете ги јаболката.

Земете тава и во неа налијте го виното/водата, ставете ги јаболката и печете на 250 целзиусови степени околу 30 минути.

Кога ќе се испечат можете да ги украсите со шлаг и шумски плодови. Или украсете со чоколада и малку цимет.

Пријатен апетит!


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 5909 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

16 Мај

16 Мај

Во 1966 година во Гери, Индијана, е родена светски познатата пејачка, текстописец и актерка Џенет Џексон.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус