Пилатес и јога
Позитивни ефекти од вежбањето јога
Станувајќи сé попопуларна на глобално ниво, јогата превентивно делува за зачувување и одржување на физичкото и психичкото здравје.
Комбинирањето на разни јога положби (асани), правилното јога дишење (пранајама) и медитацијата, полека но сигурно делуваат и ги зајакнуваат нашето ментално, духовно и физичко здравје.
Благодетите кои се добиваат од практикувањето на јога кај сите практиканти се различни, кај некои од нив веднаш се забележуваат, додека кај други потребно е малку повеќе време.
Позитивното дејство на јогата, кое веќе е и научно докажано, е огромно за зачувување на здравјето.
Со редовно практикување на вежбите од јога кои ги зацврстуваат мускулите, ја зголемуваат еластичноста и ја подобруваат рамнотежата на телото, се намалува стресот и се добива внатрешна смиреност, состојба која на сите ни е многу потребна во ова денешно хаотично време.
Исто практикувањето на јога помага во регулирање на крвниот притисок, ги намалува или во потполност ги отстранува болките во грбот и мускулите и делува на менталното здравје, така што опушта и релаксира.
Внатрешниот духовен мир постигнат како резултат на практикувањето на јога е незаменлив и единствен.
Научниците кои се занимаваат со јогата, кои ја испитуваат и докажуваат нејзината ефикасност, открија дека со вежбањето на јога како попратна терапија при лечење на одредени болести се добива максимален резултат. Само, нормално, потребна е претходна консултација со лекар.
Овие се само еден дел од позитивните ефекти кои се добиваат од вежбањето на јога:
- се подобрува држењето на телото, несвесно почнуваме да седиме исправени;
- се намалуваат болките во телото;
- се подобрува работата на кардиоваскуларниот систем;
- се подобрува циркулацијата во телото;
- делува на ослободување од стресот;
- се подобрува дишењето;
- се добива поголема енергија, поспособни сме за извршување на секојдневните обврски;
- делува на регулирање на телесната тежина;
- се добива поголема еластичност на телото;
- делува на развивање на чувството за доживување на сегашниот миг.
Добиеното знаење за благодетите и позитивните ефекти од јогата нека бидат главна причина за да почнете да практикувате јога. Верувајте, на вашиот организам ќе му направите големо добро.
Додади коментар