Пилатес и јога

За здраво срце секојдневно вежбајте јога!

03 јули, 07:35

Како што повеќе пати до сега имаме спомнато, јогата која се дефинира како наука за умот, многу позитивно делува на целокупното здравје.
Делува на намалување на последиците предизвикани од стрес, делува на ставање под контрола на умот, делува на здравјето на сите органи и според најновите истражувања кои се извршени во таа област, делува и на здравјето на срцето.

Истражувањето кое беше спроведено од научници кои предаваат на индискиот институт за технологија, потврди и го докажа она кое повеќето од практикантите на јога го знаат, а тоа е дека јогата помага да се постигне контрола врз бројот на отчукувања на срцето.

Во истражувањето учествуваа 84 мажи, кои покажаа дека со правилно вежбање на јога, како и со правилно дишење, можат да ги контролираат симпатичниот и парасимпатичниот нервен систем, а со тоа можат да делуваат на бројот на отчукувања на срцето.

Оваа информација е особено значајна за возрасните луѓе кои имаат некаков здравствен проблем предизвикан од било какви причини. 
Тие доколку почнат да практикуваат јога и бидат упорни и истрајни, за одреден временски период ќе можат успешно да се справат со разните облици на психички стрес, ќе можат под контрола да ја стават и возбудата било да е позитивна или негативна, ќе можат да се заштитат од стресни ситуации и ред други работи кои во ова време влијаат на нас.

Во светот постојат луѓе кои целиот нивни живот го посветиле на јогата и на медитацијата. Тие кога навлегуваат во длабока медитација имаат целосна контрола врз работата срцето. Можат и способни се да направат нивното срце на момент да престане да работи, а после излегувањето од медитација да ја нормализираат неговата работа.

Ние секако дека не сакаме да постигнеме таква состојба, но за почеток доволно е да почнеме да практикуваме редовно јога и да уживаме во нејзините благодати по однос на нашето здравје.   


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 2746 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

29 април

29 април
Во 1958 година е родена прекрасната Мишел Фајфер, холивудска актерка која се прослави со улогите во филмовите „Лице со лузна” (каде глумеше покрај Ал Пачино), „Враќањето на Бетмен&rd
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус