Пилатес за балансирано тело и позитивен дух

24 февруари, 03:00

Пилатес е движење за живот, за ведрина на духот и баланс на телото.

Тесната врска меѓу здравото и балансирано тело и ведрината на духот можеби најдобро ја опишува Мери Боен, практикантка која долги години се занимава со Пилатес , а за своите искуства пишува на својот веб сајт:

„ Додека вежбав, учев и набљудував, забележав дека секогаш постои духовна нишка која доаѓа од физичката работа. Духот е насекаде, нели?

Телото е дом на духот. Џозеф Пилатес (основачот на Пилатес ) не само што го знаел тоа, тој и живеел на тој начин”.

Секој може да живее воден од принципот на Џозеф Пилатес.

Практикувањето на вежбите никогаш не е без резултат, напротив, за кратко време ќе забележите како Пилатес ги подобрува вашите секојдневни активности, ќе почувствувате дека телото ви се менува, станува поеластично, балансирано, здраво. 

 

Балансираното тело ќе влијае на духот, создавајќи позитивна врска со нашето чувство за себеси. Ваквиот живот, исполнет со енергија и позитивен дух, навистина е квалитетен и вреден за живеење.

 

Ако животот е постојано движење, направете го секое движење посебно, вредно, духовно.


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 3098 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

17 Мај

17 Мај
Познатата пејачка и текстописец Дона Самер, која во 70 - те години беше прогласена за „Кралица на диското и диско музиката”, почина на 63 годишна возраст, по долгогодишната битка со ракот.
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус