Животен стил, Пилатес и јога

Правила на јогиската практика

09 август, 13:46

Кога јогата ќе стане секојдневна духовна практика, и кога ќе успееме стекнатото знаење и мудроста да ги применуваме во секојдневието, постигнувајќи спокојство и хармонија, тогаш теоријата станува реалност. Но, за да го постигнеме тоа, треба да ги почитуваме и следиме правилата што важат во јогиската практика.
 
Како прво, јогата не треба да се практикува без водство на учител. Учителот е тој кој што ќе го води ученикот низ секој стадиум од патот, ќе го упатува, ќе го коригира и охрабрува.
 
Формирањето на интелектуални претпоставки за јогата е тесно поврзано со читањето на книги. Добро е да се чита но не и премногу. Јогата нема да ја открие некој што прочитал илјада книги и, не можејќи да најде учител, прочитал уште илјада. Кога ќе го најдете учителот и ќе почнете да практикувате, прочитаното треба да оставите зад себе.
 
Јогата треба да се практикува со разбирање и колку што може потрезвено, потпирајќи сена здравиот разум, иако тоа е релативен поим.
 
Редовната практика е важна, но ако притоа некој почнува да го губи контактот со околината, тогаш тоа не е добро. Добро е да се биде во духот на јогата, но секогаш треба да се задржи чувството на оваа димензија и оваа реалност, иако таа не е апсолутна. Затоа „занесувањето“ на кое се препуштаат некои луѓе, не е нешто што ќе им помогне да дојдат поблиску до јогата и да ја откријат. Тоа е замена на една лага со друга. Суштината не е во тоа да оставиме впечаток на голем јогин, туку да го отстраниме превезот на заблудата и незнаењето. Ова е неопходно ако се стремиме кон вистинската цел.
 
                                  -  извадок од книгата „САДАНА јогиска практика” од Павлос К. Хасанагас

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 2152 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

16 Мај

16 Мај

Во 1966 година во Гери, Индијана, е родена светски познатата пејачка, текстописец и актерка Џенет Џексон.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус