Трикови за полесно лакирање

13 август, 00:22

Нанесувањето лак на ноктите за некои девојки претставува уживање, додека пак за други е вистинско измачување.

Многу често нестрпливоста доведува до размачкување на лакот, при што ноктите изгледаат неубаво и неуредно, а ова најчесто според правилата на Марфиевите закони секогаш се случува пред некој важен настан.
Понекогаш не може да се отвори шишенцето со омилениот лак, понекогаш не можете во целост да го отстраните претходно нанесениот лак од ноктите, па поради тоа ноктите повторно изгледаат неуредно.

Има илјадници пречки кои можат да застанат на патот и да ве спречат да имате убаво лакирани нокти, но секако постојат и многу трикови кои ќе ви помогнат успешно да се справите со непосакуваните ситуации.

Во продолжение дознајте кои трикови можете да ги употребите за да имате беспрекорно убаво лакирани нокти.


trikovi za polesno lakiranje, trikovi, lakiranje, lak, nokti, трикови за полесно лакирање, трикови, лакирање, лак нокти
После една до две минути откако ќе ги лакирате ноктите, потопете ги прстите во сад во кој сте ставиле ладна вода и многу мраз. Мразот ќе помогне лакот многу побрзо да се стегне и да се залепи на ноктите. Со овој трик ќе го избегнете досадното чекање за сушење на ноктите, кое некогаш знае да трае и по 10 или повеќе минути.


trikovi za polesno lakiranje, trikovi, lakiranje, lak, nokti, трикови за полесно лакирање, трикови, лакирање, лак нокти
Со нелеплив спреј за готвење кој може да се најде во поголемите маркети, на растојание од отприлика 50 сантиметри испрскајте ги ноктите и оставете спрејот да делува неколку минути. Откако ќе се исушат ноктите, отстранете го вишокот спреј од пределот околу ноктите.


trikovi za polesno lakiranje, trikovi, lakiranje, lak, nokti, трикови за полесно лакирање, трикови, лакирање, лак нокти
За да ги отстраните и најтврдокорните остатоци од лакот, ставете ацетон на парче памук, нанесете го на ноктот, убаво завиткајте го околу него и околу него ставете парче алуминиумска фолија. Оставете го памукот и фолијата да делуваат неколку минути, по што многу лесно ќе го отстраните тврдокорниот лак и ќе можете да нанесете нов слој.


trikovi za polesno lakiranje, trikovi, lakiranje, lak, nokti, трикови за полесно лакирање, трикови, лакирање, лак нокти
Воздушните меурчиња кои се прават во шишенцето со лак и кои потоа се пренесуваат на ноктите, кои откако ќе пукнат прават нерамна површина на ноктот при што тој изгледа неубаво и не стилски, може да ги избегнете ако пред лакирањето шишенцето со лак го држите помеѓу дланките и со триење лакот убаво го протресувате. На ваков начин ќе пукнат и најмалите меурчиња, а смесата на лакот ќе биде хомоген и изедначен.


trikovi za polesno lakiranje, trikovi, lakiranje, lak, nokti, трикови за полесно лакирање, трикови, лакирање, лак нокти
Ако никако не можете да го отворите шишенцето со лак, превртете го наопаку и ставете го во чаша во која постепено ќе додавате млака вода. Водата треба да стигне само до врвот на капачето од шишенцето, а не и до самото шишенце. Оставете го лакот во таква положба неколку минути и потоа со леснотија отворете го шишенцето и лакирајте се.


trikovi za polesno lakiranje, trikovi, lakiranje, lak, nokti, трикови за полесно лакирање, трикови, лакирање, лак нокти
Ако претходниот трик не даде резултати, тогаш на капачето на шишенцето намотајте гумен ластик кој ќе овозможи подобар фат за извртување и обидете се да го отворите шишенцето без поголема тешкотија.


trikovi za polesno lakiranje, trikovi, lakiranje, lak, nokti, трикови за полесно лакирање, трикови, лакирање, лак нокти
Лакот кој истекува по надворешната страна на шишенцето и кој по некое време се суши прави проблем за да може тоа лесно да се отвори. За да ја спречите ваквата појава, со чепкалка натопена во вазелин премачкајте ја надворешната површина на шишенцето по што многу лесно ќе можете да го отворате и да го затварате шишенцето со вашиот омилен лак.


Ова лето имајте убаво лакирани и негувани нокти, бидејќи тие се одраз на вашата грижа за вашиот изглед и вашето здравје.

 


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 3575 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

27 април

27 април

Во 1986 година, во Скопје е родена Елена Ристеска, еден од најдобрите женски вокали во Македонија, пејачка која успешно работи во земјава и надвор од неа.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус