Убав дом

Креативни идеи за оживување на домот

15 декември, 11:32

Во обид да го промениме секојдневниот изглед на домот, секогаш правиме некои разместувања на одделни предмети кои ќе ни дадат нов изглед и нова димензија.
Почесто правиме само мали промени, но понекогаш, во недостаток на идеи за разместување и преместување на веќе наместените предмети, потребно е да направиме поголеми промени.

На такви големи промени кои од корен го менуваат првобитниот изглед на предметите, посочува фирмата за тапети Eazy Wallz.

Уникатните идеи за украсување на кујните, ѕидовите во спалните соби, во дневните и во работните соби, ќе ве натераат на миг да се почувствувате како да сте присутни на врвовите на некои планини, ќе имате чувство како да се наоѓате во подводниот свет, во шума, на ливада полна со цвеќиња, високо во небото, како да сте во Њујорк или во некоја друга светска метропола.

Уникатно изработените тапети се интересни и несекојдневни, побудуваат најразлични чувства и на моменти ни дозволуваат да избегаме од реалноста.

Доколку сакате да направите големи промени во изгледот на домот, овие се вистинските идеи за вас.

Похрабрите сигурно ќе се решат да реализираат некоја од предложените идеи, но и останатите убаво е да пробаат.


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 3854 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

5 Мај

5 Мај
Во 1988 година, во Англија, во северниот дел на Лондон, е родена мега популарната пејачка Адел, која за многу кратко време стекна светска слава и се вивна помеѓу популарните музички ѕвезди. 
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус