Занимливост, Интересно

Скандал на Американците: Уметноста во служба на оружјето

11 март, 00:40

Ремек делото на Микеланџело, прекрасната мермерна скулптура на Давид, викендов се појави во рекламната кампања на еден американски производител на оружје.

Производителот ја искористил скулптурата на Микеланџело за реклама на новата пушка AR-501A, па на фотографиите од рекламната кампања Давид е претставен со пушката во раце, а слоганот на кампањата гласи „AR-501A: Уметничко дело”.

Претставувањето на  оружјето како  уметничко дело е и повеќе од невкусно, а Министерството за култура на Италија изјави дека ваквото дело е навредливо и казниво со закон. Рекламните фотографии ќе бидат забранети, а производителот ќе биде кривично гонет.

Владата на Италија тврди дека ги има сите права над ремек делото на Микеланџело и дека секое користење на статуата кое се коси со нејзините вредности и ја нарушува естетиката на истата, е потполно нелегално.

Мермерната статуа е создадена во Фиренца, некаде помеѓу 1501 и 1504 година и досега не се случило некој да ја сквернави на ваков начин.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 1535 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

4 Мај

4 Мај
Во 1903 година во Баница, згасна животот на нашиот најголем идеолог, организатор и водач на народноослободителното движење на македонскиот народ, кон крајот на 19 – от и почетокот на 20 –
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус