Вицотека

Дневникот на плавуша

28 март, 01:13

25 јуни
Се подготвувам за прекрасно патување, ќе крстарам по океанот. Жал ми е што мојот сопруг не можеше да дојди со мене. 
Многу сум возбудена.

26 јуни
Цел ден пловиме по океанот. Се запознав со капетанот на бродот, ми изгледа како интересен човек. Видов делфини во океанот кои пловеа заедно со нас. 
Колку е само убаво.

27 јуни
Цел ден се капев и сончав во базенот што е на бродот. Капетанот ме покани на вечера. Некако ми изгледа како да е згоден.

28 јуни
Бев во казино, се коцкав и освоив 200 евра. Капетанот повторно ме повика на вечера но овој пат во неговата кабина. Отидов и јадевме школки и кавијар и пиевме шампањско. Ме праша дали сакам да останам со него и заедно да ја поминеме ноќта. Нормално го одбив, му кажав дека не планирам да го изневерам својот сопруг.

29 јуни
Повторно бев на базен. Капетанот ме покани на една пијачка. Повторно ме праша дали сакам да ја поминам ноќта со него. Јас повторно го одбив. Тогаш тој му постави услов, ми рече дека ако не спијам со него ќе потони бродот. Останав скаменета, не знаев што да речам.

30 јуни
Денес спасив 2000 луѓе ... и тоа четири пати!!!
Многу сум среќна!!! 


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 2399 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

16 Мај

16 Мај

Во 1966 година во Гери, Индијана, е родена светски познатата пејачка, текстописец и актерка Џенет Џексон.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус