Вицотека

Подарок за денот на жената

15 март, 00:02

Разговараат Германец, Италијанец и Македонец кој што ѝ купил на сопругата за 8 - ми март.

Италијанецот рекол:
„На жена ми ѝ зедов нешто што крева од 0 до 100 за само 5 секунди”.

„Е што е тоа” - прашале Германецот и Македонецот.

„Ферари” - им одговорил Италијанецот.

Германецот рекол: 
„На жена ми ѝ зедов нешто што крева од 0 до 100 за само 4,5 секунди”.

Нормално Македонецот и Италијанецот прашале што е тоа.
„Порше” бил одговорот на Германецот.

Македонецот се мислел, се мислел што да кажи дека тој ѝ зел на неговата сопруга како подарок за празникот, на крајот се сетил и им рекол:
„На жена ми ѝ зедов и јас нешто што крева од 0 на 100 и тоа за само 1 секунда.

„Аман бре” - се зачудиле Италијанецот и Германецот - „и што е тоа чудо”?

„ВАГА” !!! cheeky


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 2496 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

16 Мај

16 Мај

Во 1966 година во Гери, Индијана, е родена светски познатата пејачка, текстописец и актерка Џенет Џексон.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус