За него

Како да се заштитите од зголемување на килограмите

15 јануари, 08:29

Многубројните научни истражувања покажуваат дека секојдневната рутина влијае на телесната тежина. Некои наши навики, иако навидум не се штетни, влијаат врз зголемувањето на килограмите. Неосетно, секој месец телесната тежина се зголемува, а губењето на вишокот килограми и тоа како е тешко.

Научните студии советуваат како да живеете нормално, без строг режим и диети, а да се заштитите од прекумерна тежина, па дури и да слабеете.

7 – 8 часа сон
Група научници од Харвард, врз основа на повеќегодишни истражувања откриле дека луѓето кои спијат пократко (5 - 6 часа), повеќе се склони кон дебелеење, за разлика од оние кои редовно спијат 7 – 8 часа. Имено, оние кои не спијат доволно имаат 32 % поголема веројатност секој месец да добиваат на тежина.

Малку храна во голема чинија
Научниците од универзитетот Корнел предупредуваат да не им верувате на очите. Нивната студија покажува дека храната ставена во голема чинија изгледа малку, па мислиме дека не јадеме големо количество и не внимаваме на калориите.
Пробајте доручекот да го ставите во мала чинија и размислете околу количеството на храна кое секојдневно го внесувате.

Вежби со долниот дел од телото
За да ги намалите масните наслаги околу половината, треба да вежбате со долниот дел од телото.
Мускулната маса во долниот дел на телото е поголема. Најновата студија на универзитетот Саракоза покажува дека луѓето кои вежбале токму со овој дел од телото согорувале повеќе калории. Колку повеќе мускули се опфатени со вежбањето, толку повеќе калории согорувате.

Стрес
Стресна работа, притисоци на работното место... Сето тоа влијае на зголемување на телесната тежина. Ослободете се од стресот со физички вежби или со нешта кои ве усреќуваат и расположуваат.

Не се воздржувајте од десертот
Десертите кои не содржат многу шеќер  позитивно влијаат на тежината. Според една студија, луѓето кои јаделе  ниско калорични десерти четири пати неделно, изгубиле повеќе тежина од оние кои имале десерт само еднаш неделно, но не внимавале на калориите на десертот.
Секако, десертите нема да ви помогнат да ја намалите или барем да ја зачувате тежината, ако не внимавате на секојдневната исхрана.

Млеко и млечни производи – задолжително
Тим истражувачи од Канада укажуваат на важноста на млекото и млечните производи како составен дел во борбата против килограмите. За да ја намалите тежината мора да внимавате на некои видови храна, но не и на млечните производи.
Млекото го регулира апетитот и не дозволува да се губи мускулната маса, па доколку внимавате на исхраната и вежбате, ќе губите масни наслаги, но не и мускулна маса.

 

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 3058 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

26 април

26 април

Во 1992 година денарот стана официјална валута на Република Македонија.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус