Здравје, Природни лекови

За здравје и виткост јадете диња

23 август, 00:01

 

 

 

 

 

 

Време е за диња. Вкусна, сочна, миризлива, дињата е овошје кое го одбележува овој период од годината. Многу е богата со витамин Ц, воопшто не дебелее, а претставува и природен лек за многу болести.

Истражувањата поврзани со ова вкусно овошје покажуваат одлични резултати во борбата против рак на плуќата, рак на матката и на грлото на матката, рак на желудникот како и на некои други облици на рак.


Дињата содржи многу вода и калиум кои ја поттикнуваат работата на бубрезите, со што организмот се чисти од штетните материи.

Помага при воспаление на жолчката и мокрачните патишта.

Бидејќи не содржи многу калории и не дебелее, а го олеснува варењето на храната, дињата е одлична за намалување на телесната тежина.

Оваа драгоцена овошка особено се препорачува за луѓето со висок крвен притисок.

Кога пазарите се полни со ова неверојатно овошје, навистина е штета да не јадете диња.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 2710 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

21 Мај

21 Мај

Во 2006 година Црна Гора со 55% ЗА од вкупниот број гласови на референдумот за независност на Црна Гора и црногорскиот народ се одлучи за одделуање од Република Србија.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус