Живеј квалитетно

9 корисни примени на оцетот

06 февруари, 06:52

Освен неговата главна улога – додаток на салатите, оцетот може да се употреби на многу други начини кои секојдневно ќе ви бидат од корист.

При миење на косата, откако ќе ја исплакнете од шампонот, измијте ја со малку оцет растворен во топла вода. Косата ќе биде чиста и сјајна, а оцетот ќе ги отстрани остатоците од шампонот.

 


Темните флеки од лупењето моркови или цвекло лесно ќе ги отстраните ако рацете ги истриете со оцет.

Месото ќе биде меко, а и ќе се уништат сите бактерии доколку направите маринада од оцет. Полејте го со мало количество оцет и оставете го преку ноќ или барем неколку часа. Потоа во маринадата додадете зачини по вкус.

Натопете кујнска крпа со оцет, па избришете ја внатрешноста на фрижидерот и полиците во кујната. Оцетот ги уништува бактериите и ги неутрализира сите миризби.

Доколку сте ставиле премногу зачини во јадењето, додадете мало лажиче јаболков или бел оцет за да се намали силниот вкус на зачините. По потреба, додадете уште малку оцет.

Штичката за сечкање собира многу бактерии, па повремено чистете ја со оцет.

Болките во мускулите ќе ги ублажите со облога од крпа натопена во вода во која сте додале неколку капки јаболков оцет.

Дамките од овошје, кафе, сенф и други дамки кои тешко се отстрануваат нежно истријте ги со оцет, па исперете ја облеката.

Непријатниот мирис на кромид ќе го отстраните од дланките ако пред и по сечењето прстите ги истриете со оцет.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 3311 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

21 Мај

21 Мај

Во 2006 година Црна Гора со 55% ЗА од вкупниот број гласови на референдумот за независност на Црна Гора и црногорскиот народ се одлучи за одделуање од Република Србија.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус