Живеј квалитетно

Супер бои за супер расположение

26 април, 04:36

Пролетта е вистински период за лесна, удобна и светла облека. Дозволени се најразлични комбинации на бои, особено светлите нијанси кои делуваат разиграно и опуштено.

Изборот на бои не е поврзан само со модата. Одредени бои несвесно влијаат врз нашето расположение.

Не само што се препорачуваат при избор на облека, овие бои се одлични и за уредување на домовите и канцелариите, токму поради позитивните емоции кои ги будат.

Ви претставуваме 5 супер бои за супер расположение.

Жолта – погледот на оваа боја буди чувство на среќа, се чувствува енергија и светлина. Според некои истражувања, луѓето кои работат во простории каде преовладува жолтата боја имаат постојано чувство на среќа и јасно размислување, поради што се многу продуктивни во работата.
Зошто малите smiley се секогаш жолти? Токму поради чувството на среќа кое го буди оваа боја.

Црвена – ова е боја на енергијата, страста, силата и секако, љубовта. Погледот на оваа боја кај луѓето буди чувство на страст, а оние кои носат црвено во очите на другите секогаш изгледаат атрактивно.

Зелена – бојата на плодноста, животот и хармонијата буди чувства на стабилност и долготрајност. Погледот на оваа боја ги одмара очите, нè смирува и ни буди убави чувства.

Розова – без оглед дали ја сакате или не, розовата боја значи здравје, женственост и романтика. Облеката или опкружувањето каде преовладува оваа боја буди чувство на смиреност и љубов, а розовото во голема мера ја намалува лутината.

Портокалова – претставува среќа, топлина, креативност и охрабрување. Оваа боја има голем ефект врз нашето тело и ум. Погледот на портокалова боја му овозможува на мозокот да добие повеќе кислород, со што се стимулира менталната активност. Покрај охрабрувањето, портокаловата боја влева и самодоверба.

Изберете некоја од овие супер бои, или направете комбинации по ваш вкус.

Дури и да не сте љубител на овие бои, дозволете си парче облека, марама или декорација во домот и уживајте во позитивните чувства кои боите ќе ги предизвикаат кај вас.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 2771 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

1 Мај

1 Мај
Во Чикаго, САД, избувна штрајк на околу 40.000 работници кои истапија со барањето за осумчасовен работен ден.
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус