Зошто се смееш кога јас те навредувам?

26 јуни, 00:03

Млад ученик кој бил желен за знаење и мудрост отишол кај неговиот учител, кој бил познат грчки филозоф. Но наместо да добие мудри совети и поуки, ученикот од учителот добил една интересна задача. Имено учителот му наредил на ученикот во наредните три години да му даде пари, колку што тој мисли дека ќе треба, на секој кој него на било кој начин ќе го навреди и ќе направи да се чувствува непријатно и посрамотено.
Бидејќи сакал да ја научи мудроста на учителот, ученикот воопшто не се двоумел, ја прифатил задачата и направил токму онака како што заповедал неговиот мудрец.

Кога задачата била извршена, откако поминале долгите и многу тешки три години за ученикот, господарот го повикал и му рекол:

„Сега можеш да одиш во Атина бидејќи сега си спремен да учиш мудрост.”

Целиот радосен ученикот се упатил кон големиот град, но пред да помине низ ѕидовите кои го обиколувале градот, ученикот забележал еден старец кој седел на камен пред вратата низ која поминувале луѓето. Старецот со многу неубави и погрдни зборови ги навредувал сите кои поминувале, а секако го навредувал и ученикот во моментот кога поминувал под вратата.

„Еј, како можеш да бидеш толку глупав? И не само глупав, туку ти исто така си многу грд, се имаш ли воопшто видено на што личиш?” - му викнал старецот.

Но наместо да се брани и да се оправдува, ученикот слатко и на сиот глас му се изнасмеал на старецот.

„Зошто се смееш кога јас те навредувам?” - го прашал зачудено старецот.

Бидејќи сѐ до овој момент цели три години плаќав за ваквите погрдни зборови, а сега ти ми ги даваш бесплатно” - му одговорил ученикот.

„Тогаш можеш да влезеш во градот, твој е целиот бидејќи веќе си доволно мудар” - му одговорил старецот.


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 2423 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

16 Мај

16 Мај

Во 1966 година во Гери, Индијана, е родена светски познатата пејачка, текстописец и актерка Џенет Џексон.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус