Занимливост, Откритија

Древни бактерии преживеале во невозможни услови

29 ноември, 15:06

Во скриено езеро на Антарктикот, научниците пронајдоа заедница на бактерии кои преживеале со милениуми. Откритието фрла сосема поинаква светлина на досегашното верување за условите во кои животот може да опстане не само на Земјата, туку и на другите планети.

Имено, бактериите се пронајдени во езерото Вида кое се наоѓа на најмалку 18 метри под површината на мразот и опстанале во услови каде нема светлина и кислород, а концентрацијата на сол во водата е неколку пати поголема од онаа на морската вода. Тргнувајќи од фактот дека овие бактерии опстанале во речиси невозможни услови за живот, уште еднаш се потврдува верувањето дека каде што има вода, има и живот.

Откритието ги поттикна научниците да размислуваат за истражување на услови за живот под површината на Марс, нешто за кое досега не се помислуваше.

 


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 5220 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

29 април

29 април
Во 1958 година е родена прекрасната Мишел Фајфер, холивудска актерка која се прослави со улогите во филмовите „Лице со лузна” (каде глумеше покрај Ал Пачино), „Враќањето на Бетмен&rd
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус