Животен стил, Живеј квалитетно

6 нешта кои не смеете да ги објавувате на фб

06 август, 06:35

Социјалните мрежи се наше секојдневие. Со нив започнува утрото и завршува денот.

Се објавува и споделува сè и сешто, но има неколку нешта кои никако не смеете да ги објавувате на фб и другите социјални мрежи. Не дека не смеете во буквална смисла, можете да објавувате сè што ќе посакате, но некои нешта едноставно се претерани и недолични.

 

 

Што сè не треба да објавувате на социјалните мрежи?

Погрдни зборови
Социјалните мрежи нудат слобода на изразувањето и луѓето честопати ги користат за да го кажат своето мислење. Колку и да ви сметаат нечии ставови и коментари, не дозволувајте да им одговорите со погрдни зборови. Навредливите коментари само ќе покажат колку сте нетолерантни кон туѓото мислење. Да започнете расправија на социјалните мрежи е навистина смешно. Едноставно воздржете се и игнорирајте ги статусите и коментарите кои ве предизвикуваат да кажете нешто навредливо.

Политика и религија
Држете се до вашата политичка и верска определба, но никако не ги користете социјалните мрежи за да ги искажете вашите ставови и определби. Кој уште сака да разговара за политика, кога има толку интересни и убави теми за разговор? И најпосле, кому му е грижа за вашата политичка определба? Политиката оставете им ја на политичарите. Кога тие не можат да најдат решение за проблемите, на вас ли останува да бистрите политика? Што се однесува до религијата, почитувајте ја религиската определба на другите и никогаш, никогаш не дозволувајте да навредите нечија религија.

Колку испив синоќа
Можеби на многумина им е интересно, но мене навистина ми се здодевни споделените фотографии од синоќешната забава и статусите во стилот на: Имам мамурлак, испивме цела гајба пиво... Голема работа! Секој може да се напие и да има мамурлак, па ваквите нешта не заслужуваат ни да се паметат, а не пак да се споделат со цел свет.

Вашата работа, шефот и компанијата
Социјалните мрежи не се место каде треба да зборувате за вашата работа. Коментарите за тоа колку не си ја сакате работата, колку ви е напорно и слично, навистина изгледаат смешно, земајќи го предвид фактот што многумина се молат да најдат било каква работа.

Претерано разголени фотографии
Ова е нешто што никако не можам да го разберам. Недолични фотографии, нападна облека и еден тон шминка, безобразни статуси... Сте размислиле што кажуваат ваквите нешта за вас?

Одам на одмор
Воопшто не е безбедно да објавите дека наредните 10 дена вашиот стан ќе биде празен. Стрпете се и ставете фотографии од одморот дури кога ќе се вратите дома. Колку помалку луѓе знаат дека сте на одмор, толку подобро и побезбедно за вас.


Социјалните мрежи се место за дружење и искажување на вашите ставови. Сепак, некои нешта е подобро да се чуваат за себе и да се споделат само во кругот на најблиските пријатели. Бидете внимателни и не дозволувајте една фотографија, статус или коментар да ве прикажат во лошо светло.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 2007 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

28 април

28 април

Денеска се одбележува 50 годишнината од постоењето на Битолски весник.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус