8 Мај

08 мај, 00:01

Во 1975 година во Шпанија е роден познатиот пејач Енрике Иглесијас. 
Енрике е син на мега популарниот шпански пејач Хулио Иглесијас и тргнувајќи по стапките на неговиот татко, покрај што е познат по карактеристичниот глас, тој исто така е познат по тоа што е „кршач” на срцата на припадничките на понежниот пол, па поради тоа е омилен и многу посакуван.
Голем дел од детството го поминал во Мајами, а со музика се занимавал уште од тинејџерските денови. 
Во 1995 година го издал неговиот деби албум и до почетокот на 2012 година продал повеќе од 60 милиони плочи низ целиот свет.
Овие се само еден дел од неговите многубројни хитови: „Bailamos”, „Rhythm Divine”, „Be With You”, „Escape”, „Maybe”, „Don't Turn Off The Lights” и „Hero”. 


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 856 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

19 Мај

19 Мај
Во 1962 година во САД, светски познатата пејачка Мерлин Монро, во чест на 45 - от роденден на тогашниот претседател Џорџ Кенеди, го испеа препевот на песната „Happy Birthday Mr. President”
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус