Животен стил, За неа

Дали сте зависник од шопинг?

04 јули, 07:00

Доколку постојано размислувате што да облечете, никогаш немате доволно облека и постојано купувате нови парчиња, размислете дали сте зависник од шопинг?

Иако не е болест и можеби не изгледа толку страшно, зависноста од купување навистина постои. Му штети на вашиот паричник, па и на вашето семејство.

Неколку едноставни совети ќе ви помогнат да ја надминете оваа лоша навика.

Можеби купувањето облека ви претставува задоволство, но сè што е претерано и непотребно е само трошење на време и пари.

Како да ја надминете зависноста?

Држете се подалеку од бутиците
Избегнувајте ги излозите, не влегувајте во секој бутик само за да прашате која е цената на фустанот кој сте го виделе на излогот, кажете си дека немате потреба ништо да купувате, па наместо да шетате по излози, ќе одите на кафе со пријателите.

Најдете си друго хоби
Има толку многу интересни нешта кои може да ги правите во слободно време, а кои се навистина покорисни од купувањето непотребни парчиња облека.
Слободното време посветете им го на најблиските, читајте книга, прошетајте се во паркот. Ако сте излегле порано од работа и имате време набрзина да разгледате што има ново во бутиците, нели ќе се согласите дека тоа време може да го искористите за да ги посетите родителите, побрзо да го земете детето од градинка и заедно да се прошетате, да си одите побрзо дома па да го изненадите семејството со убав ручек...
Толку многу нешта кои ќе ги израдуваат другите, а вие времето го поминувате во бутици!

Не носете пари со вас
Размислете колку пари ви се потребни за да го купите она што морате (храна и производи кои ви се потребни во домот).
Никогаш не носете повеќе од потребното, па кога ќе излезете од дома потсетете се себеси дека немате пари за облека и нема смисла да шетате по продавници. Купете набрзина тоа што ви треба и правец дома!

Проверете го плакарот
Од облека никогаш доста, но дали навистина ви се потребни сите тие парчиња кои ги складирате во плакарот? И колку од нив сте ги купиле пред извесно време, а сè уште не сте ги облекле? Дали е неопходно да имате пет исти марами со различна боја и чанта за секој пар чевли?


Зависноста од купување се одразува на вашиот семеен буџет. Парите потрошени за облека може да се искористат на многу попаметен начин.

Најпосле, облеката не го прави човекот, а вие сигурно не се шетате по модна писта или црвен тепих, па мора постојано да бидете во тренд и секој ден да имате нова облека.

Материјалните нешта се сосема неважни, кога еднаш ќе го разберете тоа, ќе пронајдете радост и уживање во нештата кои навистина го прават животот исполнет и среќен.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 1283 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

3 Мај

3 Мај

На денешен ден утврдена е македонската азбука која се состои од 31 буква.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус