Девојки и жени, не потценувајте ги вашите права

14 септември, 06:35

Дали сте размислувале за правата кои ги имате како жени? Ги цените ли доволно или воопшто не им придавате значење?

Иако можеби ви изгледаат безначајни, многу од нив се постигнати благодарение на многу храбри жени кои неуморно се бореле да живеат во подобар свет. Ова се само некои од правата кои биле тешко добиени, а денес не им придаваме значење.

 

Развод

Гледајќи наназад низ историјата, жените многу потешко добивале развод, за разлика од мажите. Во некои земји, како што е Малта, правото на развод е неодамна донесено. Ист е случајот и со Бразил каде разводот беше забранет се до 1977 година.

Сметка во банка

Замислете дека одите во банка, а вашиот сопруг мора да дојде со вас, бидејќи без негова согласност не смеете да отворите сметка. Можеби звучи смешно, но жените во Америка и Британија немаа право сами да отворат сметка се до 1960, односно 1975 година.

Право на работа

Сè  додека не се изборија за ова право, од жените се очекуваше да ја напуштат работата кога ќе се омажат, а некои професии дури имаа и забрана за мажени жени. Сè до неодамна одделни професии беа наменети само за посилниот пол, па жените немаа можност да се покажат на одделни полиња.

Еднаква плата

Милиони жени во светот сè уште се борат да го остварат своето право нивниот труд  да биде вреднуван подеднакво со трудот на мажите. Иако во повеќето земји жените го имаат ова право, сепак, во пракса тоа не се почитува.

Право на глас

Гласате ли на избори или сметате дека не вреди да се гласа? Не толку одамна, жените воопшто немаа право на глас. Сега, кога го имате, не потценувајте го ова право.

Учество на избори

Жените се изборија за ова право во минатиот век, но сè уште се многу малку застапени во политиката. Првата жена - член на парламент беше избрана во Велика Британија во 1919 година, а жена -  министер за прв пат беше назначена во Данска, во 1924 година.


Во многу земји во светот, жените и денес се дискриминирани и немаат никакви права. Размислете за правата кои ги имате и никогаш не ги потценувајте. Некои сè уште се борат за она што вам ви е дадено. Искористете ги вашите права и борете се да го направите поубав и похуман овој свет.


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 1918 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

29 април

29 април
Во 1958 година е родена прекрасната Мишел Фајфер, холивудска актерка која се прослави со улогите во филмовите „Лице со лузна” (каде глумеше покрај Ал Пачино), „Враќањето на Бетмен&rd
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус