Домашен вињак од вино и рум

16 октомври, 10:52

 

 

 

 

 

 

Состојки:
1 литар црвено вино
500 гр. шеќер
3 ванили
1 екстракт од малина или чоколадо
2 лажици рум

Подготовка:
Во тенџере на оган се става виното да вари додека да зоврие. Откако ќе зоврие се става шеќерот и повторно се остава да се вари додека да се стопи шеќерот.
10 минути пред тенџерето да се тргне од оган, во течноста се ставаат ванилите, екстрактот и румот. Смесата убаво се меша и се трга од оган.

Вињакот треба да е малку густ но не премногу, се остава малку да се излади и се собира во шише.


За сите убави моменти во вашиот живот наздравете со овој прекрасен, вкусен, домашен вињак!

 


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 4188 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

28 април

28 април

Денеска се одбележува 50 годишнината од постоењето на Битолски весник.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус