Филм

„Хобитот: Пустошот на Смауг” – незаборавно патување до Осамената Планина

18 декември, 09:26

Вториот дел од трилогијата „Хобитот” на Питер Џексон ги полни кино салите ширум светот.

Светската премера ја доживеа на 13 овој месец, на големо задоволство на сите оние кои уживаа во првиот дел од „Хобитот”, „Неочекувано патување”.

„Хобитот: Пустошот на Смауг” е продолжение на патувањето на волшебникот Гандалф, хобитот Билбо Багинс и дружината од 13 џуџиња предводени од Торин.

Нивното патување ги води во непознати и опасни предели до Осамената Планина, каде треба да се соочат со змејот Смауг.

Специјалните ефекти, музиката, фотографијата, сè е направено до совршенство, па не е ни чудно што „Хобитот” господари на топ листите на најгледани филмови.

Докажаната актерска екипа е уште една гаранција дека ќе уживаме во авантурата на џуџињата кои придружувани од вилениците ќе се соочат со многу препреки на патот кон враќањето на својот одамна изгубен дом.

Филмот доби одлични критики и се очекува да го достигне успехот на првиот дел од трилогијата.

Уживајте во насловната нумера и официјалниот трејлер на ова незаборавно патување.


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 2669 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

26 април

26 април

Во 1992 година денарот стана официјална валута на Република Македонија.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус