Филм

„Повикот“

26 март, 07:56

Познатата холивудска актерка Хали Бери е во нова акција, овој пат таа е во улогата на Џордан Тарнер вработена во контакт центарот на брзата помош.

Еден ден добива повик од Леа, млада девојка која е киднапирана. Џордан се обидува преку телефон да ѝ дава инструкции на Леа, но само една грешка ќе биде пресудна за нејзината смрт. После 6 месеци настанот се повторува, серискиот убиец повторно е во акција.

Дознајте што се крие зад маската на непознатиот сериски убиец и кои се мотивите, што треба да земе од нив?

Трилерот „Повикот “ е во режија на Бред Андерсон, а во главните улоги настапуваат Хали Бери и Абигал Берслин. Својата премиера ја доживеа на 15 Март оваа година, а се очекува да влезе во листата на најдобрите филмски остварувања за оваа година.


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 1947 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

3 Мај

3 Мај

На денешен ден утврдена е македонската азбука која се состои од 31 буква.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус