Занимливост

Harry Potter стана реалност!

16 јули, 07:32

Познатата улица од продолженијата на филмовите за Harry Potter, улицата Diagon Alley стана реалност.

Улицата прикажана во продолженијата, на која се наоѓаа голем број на продавници во кои се продаваа магионичарски предмети, како волшебни стапчиња, летачки метли, волшебни учебници и многу други магионичарски алатки, прерасна во вистинско студио.

Филмската компанија Warner Bros одлучи дека е потребно да се направи овој проект, со цел да се привлечат голем број на посетители и фанови на продолженијата на филмовите посветени на волшебникот Harry Potter.

Студиото веќе се наоѓа во областа Leavesden, во Лондон, Британија и е отворено за сите заинтересирани посетители.

Потребни биле повеќе од три месеци за да се изгради познатата улица заедно со сите продавници како што се прикажани во филмовите и повеќе од шест месеци за да се уредат излозите и полиците на продавниците онака како што се уредени во филмовите.

Ако имате шанса некогаш да отпатувате во Лондон, во вашата агенда за посети на знаменитости задолжително додадете ја и областа Leavesden и од блиску почувствувајте ја приказната на Harry Potter.

Harry Potter stana realnost, Хари Потер стана реалност

Harry Potter stana realnost, Хари Потер стана реалност

Harry Potter stana realnost, Хари Потер стана реалност

Harry Potter stana realnost, Хари Потер стана реалност

За сите оние кои нема да ја имаат можноста „во живо” да ја посетат Diagon Alley, Google ја додаде оваа новоизградена популарна улица на Google Street View, по која секој ќе има можност виртуелно да се прошета и на момент да ја почувствува волшебноста и магијата од филмовите за Harry Potter.

Уште во овој момент можете виртуелно да ја посетите Diagon Alley и да уживате во прошетката! 


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 1378 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

17 Мај

17 Мај
Познатата пејачка и текстописец Дона Самер, која во 70 - те години беше прогласена за „Кралица на диското и диско музиката”, почина на 63 годишна возраст, по долгогодишната битка со ракот.
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус