Занимливост, Интересно
Вистински замоци кои наликуваат на замокот Хогвартс
Неколкуте филмски продолженија кои го опишуваат животот на младиот магионичар Хари Потер, се снимани во импровизиран замок кој бил креиран и создаден за потребите на филмот, со цел да ја задоволи идејата на режисерот.
Филмската публика и обожавателите на филмовите посветени на Хари Потер се импресионирани од крајниот резултат на филмот и се запрепастени од тоа како филмот е направен.
Додека се гледаат некои од продолженијата на Хари Потер се добива чувство како сѐ што е прикажано во филмот да е вистинско и реално, но тоа не е така.
Како што спомнавме самиот замок Хогвартс кој е училиште каде се школуваат идните магионичари, езерото околу замокот, улицата каде се продаваат магионичарски стапчиња и бувови, сѐ е импровизација.
Прашање е дали режисерите ќе одлучеле да прават огромни макети на замокот Хогвартс доколку претходно имале сознанија дека во светот постојат цркви, катедрали, училишта и универзитети кои толку многу наликуваат на замокот од филмот?
Од фотографиите кои следат може да се забележи дека многу работи околу изгледот на замокот се сосема идентични како оние кои се прикажани во продолженијата, но сепак останува на вас самите да заклучете што би било подобро, дали филмот ќе беше подобро да се снима на повеќе локации ширум светот или добар е вака како што е?
Погледнете ги фотографиите.
Додади коментар