Мој предлог, Филм

Хич - романтична комедија

17 октомври, 06:43

Романтичната комедија Хич посветена на мажите и нивната несигурност кога станува збор за состаноци со девојките е филм кој се гледа повеќе пати и никогаш не е здодевен. 

Советите на љубовниот советник Хич (Вил Смит) предизвикуваат низа комични ситуации во кои запаѓаат и тој и неговите клиенти, а на крај сè се сведува на заклучокот дека најдобро е да бидете она што сте, наместо да се трудите да ги импресионирате жените на начин кој не е својствен за вас. 

Интересната приказна, одличната актерска екипа (Ева Мендес, Кевин Џејмс) и неверојатниот Вил Смит ќе ве расположат и ќе ве насмеат од срце. Кој еднаш го гледал, сигурно ќе посака да го гледа повторно.


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 3419 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

27 април

27 април

Во 1986 година, во Скопје е родена Елена Ристеска, еден од најдобрите женски вокали во Македонија, пејачка која успешно работи во земјава и надвор од неа.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус