Здравје, Здрави навики

Јадете фстаци за време на диета

16 јуни, 07:24

Фстаците се интересен апетитсан, како бисери во школка. Заради нивната лушпа не ќе можете брзо да изедете поголема количина, а нема да имате ни потреба. Тие се здрава ужинка затоа што:

Содржат помалку калории

Фстаците содржат најмалку калории во одност на другите апетитсани, како што се оревите, бадемите, кикириките.

30 грама фстаци содржат 160 калории. Калоричната вредност на 49 фстаци одговара на онаа која ја сочинуваат 23 бадеми. 

Најголем извор на антиоксиданси

Во споредба со другите апетитсани фстаците се најбогат извор на антиоксиданси. 

Бавно конзумирање

Според истражувањето кое беше спроведено кај помала група студенти, се докажа дека конзумирањето фстаци е бавно. Тоа се должи на лушпите кои потешко се отстрануваат. Бавното јадење му дава можност на мозокот навреме да сигнализира дека е доволно внесеното количество. Лицето внесува помалку храна, а тоа значи и помалку калории. Кога се јаде брзо, поради задоцнетото информирање на мозокот често се јавува прејаденост.


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 6583 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

28 април

28 април

Денеска се одбележува 50 годишнината од постоењето на Битолски весник.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус