Каде на одмор...

Топ дестинации за 2013 година

21 февруари, 07:57

Со секој изминат топол ден и доаѓањето на нов потопол од претходниот, некако потсвесно, почнуваме да размислуваме на лето, на одмор, на плажа. Почнуваме да размислуваме каде, како и со кој да го поминеме претстојното лето.

Понуди за годишни летни одмори има многу и кај да е, туристичките агенции ќе почнат со рекламирање на своите понуди.

Иако сé уште е малку рано, добро е да почнете да разгледувате, да размислувате и да истражувате, која летна дестинација ќе ја одберете за ова лето, навреме да резервирате билети и сместување, бидејќи цените пред започнување на летната сезона се далеку помали од тие кога ќе започне летото.

Овие се нашите предлог дестинации за лето 2013 – то. Доколку одберете некоја од нив, развијте го авантуристичкиот дух, заштедете некоја паричка, реализирајте ја вашата идеја и ќе имате незаборавен летен одмор.

Турција

Со брзиот развој на туризмот и со евтините авионски билети, Турција полека почнува да наликува на светска топ дестинација која секој би сакал барем еднаш во својот живот да ја посети. Нуди голем избор на забава, плажи, историски места вредни за посета.

 

Исланд

Природната убавина, гејзерите, вкусната храна, гостопримливоста на домаќините како и за сега ниските цени кои полека почнуваат да растат, ја прават државата Исланд една од најпосетуваните и најбараните дестинации за одмор.

 

Доминиканската Република

Сонцето, морето, плажите и пријатната и топла клима се предностите кои ги нуди Доминиканската Република. Туристите привлечени од убавините на морето и сé што е со него поврзано ја посетуваат Доминиканската Република поради нуркање, сурфање, играњето одбојка на песок и поради неверојатните убавини кои ги создала самата природа.

 

Мадагаскар

Љубителите на авантурата и истражувањето своите апетити можат да ги задоволат во Мадагаскар. На овој сé повеќе познат и повеќе посетуван остров живеат ретки видови на животни и виреат ретки видови на растенија кои никого до сега не го оставиле рамнодушен.   

 

Словачка

После осамостојувањето и одвојувањето од Чешка, Словачка стана многу посетувана и барана туристичка дестинација.
Честите викенд резервации и евтините зимувања, направија Чешка да доживее туристички процут.
Резервирајте навреме во веќе добро познатата европска дестинација, додека цените сé уште се поволни и прифатливи.

 

Еквадор

Поврзувањето на Еквадор преку железнички линии со останатите поголеми градови во Јужна Америка, ќе придонеси Еквадор да стане позната и многу посетувана туристичка дестинација.
Вулканот Котопакси кој е висок 6000 метри, веќе привлекува туристи од сите делови на светот.
Државата Еквадор нашироко е позната по добро подготвената храна и пријатноста на домаќините.

 

Црна Гора

Убавините и местата за посети кои ги нуди Црна Гора, насекаде се многу добро прочуени. Природата не се штедела во овој дел на Јадранот, ја дарувал Црна Гора со многубројни релјефи, плажи и заливи. Котор, Бока Которска и Будва се само неколкуте од многуте преубави туристички градови во Црна Гора.
Доколку ја одберете Црна Гора за ваша дестинација за ова лето, задожително понесете со себе костим за капење и опрема за планинарење и уживајте во природните убавини.

 

Шри Ланка

Шри Ланка полека прераснува во нова хит дестинација поради евтините аранжмани и ниските цени на летовите. Нуди неверојатна природа и микс на неколку различни култури.
Туризмот полека се враќа во нормала после претрпените последици од ударот на цунами и после завршувањето на војната која траела цели 16 години.
Оваа индиска дестинација станува сé попопуларна и попривлечна за туристите од целиот свет.

 


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 3147 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

1 Мај

1 Мај
Во Чикаго, САД, избувна штрајк на околу 40.000 работници кои истапија со барањето за осумчасовен работен ден.
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус